Трагичен настан се случил денеска во Основно училиште во Белград, пишуваат српските медиуми.
Девојчето М. М. (14), која била осмо оделение го загубила животот откако ѝ се слошило, по што пристигнала Брза помош.
Докторите од Брзата помош констатирале само смрт на девојчето, а засега не е позната точната причина за смртта.
Полицијата ги земала и надзорните камери од училиштето за да провери што се случило.