сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Архаус го победи Еурофарм Пелистер во Битола на стартот од Европската лига

Еурофарм Пелистер со пораз тргна во ЕХФ Европската лига откако го загуби мечот од Скандерборг Архус со 30-27 на домашен терен, пред битолската публика.

Битолскиот тим имаше водство од 7-3, водеше и 10-7 и тогаш почнаа работите да се менуваат. Македонскиот тим падна, Данците се разиграа, направија пресврт и на полувремето заминаа со водство од 15-12.

Во вториот дел Архус само ја одржуваше предноста, Пелистер само во еден момент успеа да дојде на еден негатива, но тоа беше се што направија. Конечниот резултат беше 30-17 за гостите.

Хененберг и Хосни со по пет гола ги предводеа стрелците, по четири имаа Кузманоски и Костески, додека и двацата голмани завршија со по шест интервенции. Вистинска ноќна мора за Пелистер беше 20-годишниот репрезентативец на Фарски Острови, Хакун Вест Ав Теигун со 11 гола од 13 удари.

Во следното коло Еуорфарм Пелистер гостува во Португалија кај Агуаш Сантaш, идниот вторник.