петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ограбиле работилница – приведени маж, малолетник и жена

Ограбиле работилница – приведени маж, малолетник и жена
илустрација

На 25.10.2022 околу 14:00 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Х.В.(33) и малолетник, двајцата од Кавадарци и 42-годишната И.Д. од Велес.

Тие се сомничат дека извршиле кражба во работилница-сервис за поправка во гостиварски Добридол.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.