сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона втора година по ред остана без пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите

Барселона втора година по ред остана без пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона вторпат по ред не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Вечерва Интер ја победи Викторија Плзен (4:0) и им ја одзеде шансата на Каталонците да се издигнат над третото место во групата Ц. Барселона заостанува шест бода зад Интер.

Шпанскиот клуб може да се изедначи со италијанскиот клуб по бодови, но во овој случај сепак ќе биде послаб во пласманот поради резултатите од меѓусебните средби.

Воедно, поразот на чешкиот тим и обезбеди на Барселона премин во 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Минатата сезона Барселона исто така испадна од Лигата на шампионите и продолжи во Лига Европа каде стигна до четвртфиналето, во кое загуби од подоцнежниот победник на турнирот, Ајнтрахт Франкфурт.  (МИА)