Претседателот на Барселона проговори за необичниот распоред на УЕФА поради кој неговиот тим истрча на теренот против Баерн знаејќи дека е елиминиран.
Барселона синоќа на „Камп Ноу“ претрпе пораз од 3:0 од Баерн во натпревар во кој каталонските фудбалери влегоа разочарани. Имено, натпреварот од кој зависеше нивната судбина во Лигата на шампионите се одигра од 18:45, додека тие играа вечерта од 21 часот. На Барса ѝ беше потребен кикс на Интер, па дури и заеднички го гледаа тој натпревар навивајќи за чешкиот шампион Викторија од градот Плзењ. Изненадување не се случи бидејќи Интер победи со високи 4:0.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри колку било тешко гледањето на тој натпрервар, а кој го гледаа сите заедно во соблекувалната.
„Нажалост чудото не се случи. Треба да им се заблагодариме на фановите бидејќи во многу тежок натпревар ги охрабруваа играчите и тимот. Ги имаме најдобрите навивачи во светот. Емоционално беше многу тешко да се игра откако сите заедно го изгледавме натпреварот на Интер. Тоа беше вистинско мачење за нас“, изјави Лапорта.
Потоа се осврна на она што Барса ја чека по испаѓањето од Лигата на шампионите, а тоа е играње напролет во Лига Европа.
„Сега треба да погледнеме напред, и натаму сме во игра во Ла Лига и во други натпреварувања. Знаевме дека во овој период на градење на тимот ќе има подеми и падови. Мора да продолжиме секојдневно да се подобруваме“, заврши тој.
El president @JoanLaportaFCB: "Vull agrair a l'afició que des del primer minut i fins al final han animat els jugadors. Tenim la millor afició del món" pic.twitter.com/MPoRQS3qMJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) October 26, 2022