петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Имаме идентична дијагноза со Лапорта за неуспехот во ЛШ

Чави: Имаме идентична дијагноза со Лапорта за неуспехот во ЛШ

По големото разочарување во Лигата на шампионите и новиот пораз од Баерн Минхен, Барселона мора брзо да се рехабилитира и да се насочи на Ла Лига, бидејќи утревечер ја чека дерби пресметка на „Месталја“.

Валенсија ќе ја пречека Барса во дербито на 12-то коло во Шпанија, пред кое Чави се обиде да објасни каква дијагностика утврдиле со претседателот Жоан Лапорта за раната и неочекувана елиминација во Лигата на шампионите.

– Со претседателот разговарам постојано и во континуитет. Не разговараме секој ден, но патуваме заедно и се гледаме после натпреварите. Внатре во клубот, утврдивме идентична дијагноза.

– Осминафиналето ни избега од раце кога го имавме, на некои работи можевме да влијаеме, на некои не. Покрај тоа, тука е и психолошкиот аспект кој воопшто не ни помогна.

– Со Лапорта секогаш се гледам лице в лице, имаме изградено пријателство и комплетно веруваме во она што го правиме. Имам голема поддршка од него и презадоволен сум како функционираме. На крај, сите ќе се сеќаваат на овој втор меч со Баерн, а на првиот заслуживме многу повеќе. Педри беше во право, не заслужуваме да играме во Лигата на шампиони, но имаше работи кои беа несфатливи против Интер. Јас се уште сметам дека сме на вистинскиот пат и дека ќе го оствариме тоа што го сакаме, – порача Чави.