Италијанските лекари и медицински сестри суспендирани затоа што не биле вакцинирани против Ковид-19 наскоро ќе бидат вратени на работа, изјави денеска новиот министер за здравство Орацио Скилачи.
Причината е алармантен недостиг на медицински персонал и намалувањето на случаи на заразени со коронавирус. Новата влада, исто така, ќе ги укине казните наметнати на лица постари од 50 години кои не биле вакцинирани, рече Сцилачи во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.
Владата на претходниот премиер Марио Драги ја направи вакцинацијата задолжителна за наставниците и здравствените работници во 2021 година, а во јануари оваа година го прошири условот за сите луѓе над 50 години. Во случај на одбивање на вакцинација, предвидено е привремен отказ за вработените во јавниот сектор и глоба од 100 евра за лица над 50 години.
Во соопштението на веб-страницата на Министерството за здравство се вели дека Скилачи смета дека е соодветно да се врати ситуацијата во нормала и најави дека запира објавувањето дневни податоци за ширењето на коронавирусот, хоспитализациите и смртните случаи. Информациите сега ќе се објавуваат на неделно ниво. (МИА)