Генерал-полковник Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, верува оти украинската контраофанзива за повторно заземање на Херсон ќе заврши до крајот на следниот месец.
„Русија во моментов се прегрупира во областа со околу 40.000 војници, вклучувајќи ги и најобучените и најспособните руски единици“, изјави тој за списанието „Воена зона“ (The War Zone).
На прашањето дали Украина планира контраофанзива на Крим, припоен во 2014 година, Буданов рече дека тоа „ќе се случи следната година“.
На прашањето кога ќе заврши војната, тој рече дека добра можност за завршување на војната ќе биде кога Украина ќе се врати на границите од 1991 година, кога се стекна со независност од Русија. (МИА)