сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

НАТО со повик до Русија итно да го обнови учеството во договорот за жито

НАТО со повик до Русија итно да го обнови учеството во договорот за жито

НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

„Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин мора да престане да ја користи храната како оружје и да стави крај на нелегалната војна против Украина.

Луганску истакна дека извозот на жито од Украина помогна да се намалат цените на храната ширум светот.  (МИА)