петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонците казнети за исвиркување на бугарската химна!

Македонците казнети за исвиркување на бугарската химна!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе мора да плати 14.500 евра од кои 10.000 се за жестокото исвиркување на бугарската химна на септемврискиот меч во Скопје во последното коло во Лигата на нации кој го загубивме со 0-1, пренесе СПОРТ 1.

УЕФА изреше парични санкции за однесувањето на публиката, најголемата за свирежите на химната, а останатите 4.500 евра се за фрлање предмети на теренот. Бугарската химна беше жестоко исвиркана при интонирањето и практично не се слушна на националната Арена „Тодор Проески“.

Покрај ова еден меч суспензија на првиот меч под капата на УЕФА, а тоа е воведниот евроквалификациски меч со Малта во март догодина, доби десниот бек Тодор Тодороски за црвениот картон и директното исклучување поради остар старт на мечот со Бугарија.

Од друга страна, за неспортски однос на бугарскиот тим, УЕФА ѝ додели само – опомена, пренесе порталот.