петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Бутел и Батинци без вода

Делови од Бутел и Батинци без вода

Поради дефекти на водоводната мрежа, без вода денеска ќе бидат дел од општина Бутел и селото Батинци.

Во Бутел вода од 09:00 часот ќе немаат корисниците на улиците „Петар Манџуков“, „Натанаил Кучевишки“, „Александар Бујнов“, „Томе Пуре“ и „Бетовенова“.

Во Батинци, пак, без вода од 09:00 часот се корисниците од ул.6 и 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.