петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Суарез се одјави со два извонредни гола и му донесе титула на Национал (Видео)

Суарез се одјави со два извонредни гола и му донесе титула на Национал (Видео)

Национал по 49-ти пат во својата клупска историја стана национален шампион во Уругвај, а најзаслужен за тоа беше најголемата ѕвезда во тимот, Луис Суарез.

„Ел Пистолеро“ најави дека ова ќе биде негов последен меч за Национал во својата втора етапа во клубот, но искусниот напаѓач вечерва покажа дека е во врвна форма пред мундијалот во Катар.

Во пресметката со Ливерпул, Суарез постигна два клучни гола и истите беа во манир на врвен голгетер, епитет кој Уругваецот веќе го поседува со години наназад.

Суарез едноставно не можеше да замисли подобар крај на сезоната со Национал, но истовремено и подобра подготовка за Светското првенство кое следи.

По крајот на истото, Суарез се очекува да ја донесе конечната одлука за следниот чекор во кариерата.