петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг ќе има наскоро сериозен проблем: Му го одзема сонот за Мундијалот со тоа што не го стави во игра

Тен Хаг ќе има наскоро сериозен проблем: Му го одзема сонот за Мундијалот со тоа што не го стави во игра

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, се поизвесно е дека ќе го пропушти Светското првенство во Катар, бидејки овој период не игра редовно за „црвените ѓаволи“.

Англискиот интернационалец имаше добри подготовки со новиот тренер пред почеток на сезоната, но како одминува истата, Санчо добива се помалку шанса за настап и тоа го фрустрира и скоро сигурно му најавува дека нема да биде дел од тимот на Англија.

Против Челси играше малку, а синоќа воопшто и не доби шанса против Вест Хем. Тен Хаг синоќа направи две измени, на местото на Еланга го стави Мектомини и на местото на Ериксенго внесе Фред, така да Санчо повторно извиси за настап.

Останува уште краток период и два меча за Јунајтед додека Герет Саутгејт не одлучи кои играчи ќе влезат во составот, а според некои инсајдерски информации на медиумите во Англија, Лук Шо, Маркус Рашфорд и Хари Мегваер, ќе бидат скоро сигурно единстевните имиња од таборот на Јунајтед кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Англија на СП.

Доколку се случи тоа, не е исклучено Џејдон Санчо со тоа да биде повреден и следното лето да побара да го промени клубот, за да има поголема минутажа во друг клуб.