петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Тотeхнем го преживеа Марсеј и останува во ЛШ, Ајнтрахт го шокираше Спортинг

ЛШ: Тотeхнем го преживеа Марсеј и останува во ЛШ, Ајнтрахт го шокираше Спортинг
Вечерва најинтересно и најзначајно беше во Марсеј и Лисабон каде сите екипи од групата Д се бореа за осминафинале.Во судиското продолжение од првото полувреме Мемба даде гол за водство на Марсеј од 1-0.
Но по девет минути игра во вториот дел Тотнем изедначи на 1-1 со гол на Ленгле. Овој резултат го носеше Марсеј барем во Лига Европа, но тие примија гол во 95. минута од Хари Кејн и паднаа на последното место.
Спортинг беше во најдобра позиција, требаше само да не загуби од Ајнтрахт, но тоа не се случи, германскиот тим победи со 2-1.И тука имаше пресврт во вториот дел. Артур Гомеш во 39. минута донесе предност за Португалците, а Камада и Коло Муани погодија во второто полувреме за победа на германскиот тим од 2-1.
Тотнем и Ајнтрахт одат во осминафинале од ЛШ, Спортинг ќе игра во ЛЕ, а Марсеј испаѓа. Баерн Минхен го задржа првото место на табелата откако со голови на Павар и Чупо Мотинг го совлада Интер со 2-0. Нероазурите како втори одат во осминафиналето.
Барселона со 4-2 победи кај Викторија Плзен. Феран Торес даде два гола, по еднаш погодија Маркос Алонсо и Пабло Торе за Барса, двата гола за чешкиот тим беа дело на Чори.
Ливерпул со 2-0 го победи Наполи. Головите ги дадоа Салах и Дарвин Нуњез. Елмас играше од 83. минута.
Ајакс со 3-1 победи на гостувањето кај Ренџерс. Претходно Порто го совлада Атлетико Мадрид со 2-1, а Баер Леверкузен и Клуб Бриж одиграа без голови.