Делегација на Иран ќе ја посети Виена во наредните денови за да се обиде да ги намали разликите со надзорниот орган за нуклеарна програма на ОН, рече иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.
„Ќе испратиме делегација од Иран во Виена во наредните денови за да започнеме разговори со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и се надеваме дека ќе ги решиме преостанатите прашања врз основа на она што го договоривме во изминатите неколку дена“, рече иранскиот министер на прес-конференција.
Амирабдолахиан додаде дека ќе разговара со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за напорите за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили.
ираИндиректните разговори меѓу Техеран и Вашингтон за обновување на договорот се заглавени, а официјални лица велат дека меѓу спорните точки е барањето на Иран МААЕ да ја прекине истрагата за трагите од ураниум пронајдени на непријавени локации.