петок, 8. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган: Можно референдумско изјаснување доколку Парламентот не одобри уставни измени

Ердоган: Можно референдумско изјаснување доколку Парламентот не одобри уставни измени

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека неговата партија би можела да организира референдум за уставните амандмани со кои би се заштитило правото на жените да носат фереџе и конзервативниот концепт на семејството, доколку истите не бидат поддржани од Парламентот.

Во обраќањето пред пратениците Ердоган нагласи дека референдумот може да се спроведе доколку законот не добие поддршка од најмалку 360 пратеници колку што е неопходно за измени на Уставот.

Партијата на правдата и развојот на Ердоган со коалициските партии има 334 пратеници во Парламентот.

Истражувањата на јавното мислење пред претседателските и парламентарните избори во Турција закажани за јуни следната година покажуваат опаѓање на поддршката на владејачката Партија на правдата и развојот. Анкетите, исто така, покажаа дека само мал број Турци се уште се за натамошни расправи по однос прашањето околу исламскиот кодекс во облекувањето.