сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Карлос Карвахал нов тренер на Селта

Карлос Карвахал нов тренер на Селта

Шпанскиот фудбалски прволигаш Селта Виго го објави назначувањето на Карлос Карвалхал за главен тренер на тимот. Педесет и шестгодишниот фудбалски стручњак потпиша договор до 2024 година, соопштува официјалниот сајт на клубот од Виго.

Последната работа на Карвалхал беше Ал Вахда од Обединетите Арапски Емирати, од која беше отпуштен во октомври, 4 месеци по неговото назначување.

Претходно ја водеше Брага со која го освоија Купот на Португалија 2020/21, а има работено и во Велика Британија, Турција и Грција.

Како главен тренер на Селта, Карвалхал го замени Едуардо Кудет, кој беше отпуштен во текот на денот.