САД го осудуваат лансирањето на интерконтинентална балистичка ракета од страна на Демократска Народна Република Кореја, како јасно прекршување на повеќе резолуции на СБ на ОН, изјавија од Стејт департментот.
-Незаконската употреба на оружје за масовно уништување и балистичката програма на Северна Кореја претставува закана за соседството, режимот како и за меѓународниот мир и безбедноста.
Се додава дека овие акции ја истакнуваат потребата од тоа сите земји целосо да ги имплементираат резолуциите на СБ на ОН во однос на Северна Кореја, за таа да неможе да обезбеди технологии и материјали што се потребни за изведба на овие дестабилизирачки тестови.
Заедно со меѓународната заедница, ги повикуваме ДНРК да се воздржи од понатамошни провокации и да започне одржлив дијалог.
Нашите заолжби за одбрана на Република Кореја и Јапонија остануваат челично цврсти, изјавијд од Стејт департментот. (МИА)