петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Општина Аеродром добива две модерни и современи детски градинки

Муцунски: Општина Аеродром добива две модерни и современи детски градинки

Среќен сум кога објавувам новости за проекти и промени кои ќе донесат подобар живот, за инвестиции кои после долги години ги решаваат проблемите на граѓаните и носат една нова иднина во општината, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

-Аеродром добива две модерни и современи детски градинки.

Среќен сум кога објавувам новости за проекти и промени кои ќе донесат подобар живот, за инвестиции кои после долги години ги решаваат проблемите на граѓаните и носат една нова иднина во општината.

Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејни решенија за две модерни и современи детски градинки. Со ова, практично го реализираме едно од моите најважни ветувања за решавање на деценискиот проблем со недостаток на места во детските градинки, а истовремено ова е почеток на крајот на чекањата, ургенции и нервози со кои долг временски период се соочуваат нашите сограѓани.

Првата градинка ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а втората во непосредна близина на кулите Џевахир. Процесот на избор на најдобро решение ќе се спроведе низ транспарентна постапка, со вклучување на универзитетски професори и експерти од областа и поставување услови за највисоки стандарди при изведбата.

И не е само изградбата важна. Посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес, пишува Муцунски во својата објава.