петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Почна Европското првенство во ракомет за жени, Франција прв противник на македонската рапрезентација

Почна Европското првенство во ракомет за жени, Франција прв противник на македонската рапрезентација

Со воведните натпревари во групите А и Б вечерва започна 15. Европско ракометно првенство во женска конкуренција, чии домаќини се Скопје, Подгорица, Љубљана и Цеље.

Во групата А, Унгарија ја совлада Швајцарија со 33-28, додека кодомаќинот Словенија триумфираше над Данска со 28-26.

Македонските ракометарки се во групата Ц во рамки на која утре со почеток во 18 часот во салата „Борис Трајковски“ за противник ќе го имаат актуелниот олимписки шампион Франција.

Во истиот термин в понеделник „црвено жолтите“ ќе играат против Холандија, додека групната фаза ќе ја заокружат против Романија, на 9 ноември (18 часот).