петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По осум порази, хрватскиот клуб Горица му даде отказ на Мрме

По осум порази, хрватскиот клуб Горица му даде отказ на Мрме

Претседателот на хрватскиот фудбалски клуб Горица, Ненад Чрнко го разреши Игор Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на екипата.

Одлуката за прекин на соработката е донесена по поразот во 16 лигашко коло против Истра 1961 година.

– Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица. Клубот до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер – информираат од ХНК Горица.

Горица моментно е на последното 10 место во најсилниот хрватски шампионат со седум бодови.

Ангеловски од клупата ја водеше екипата на 10 натпревари сезонава, но не забележа ниту една победа. Запиша осум порази и само двапати ремизираше.