петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски им се заблагодари на САД, Холандија и Чешка за нивната воена помош: „Ја цениме помошта на нашите партнери“

Зеленски им се заблагодари на САД, Холандија и Чешка за нивната воена помош: „Ја цениме помошта на нашите партнери“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се заблагодари на САД, Холандија и Чешка за најновата воена помош, 90 тенкови Т-72 и рече дека тоа е многу потребна поддршка за украинските вооружени сили.

– Искрено сме благодарни на Холандија, Соединетите Американски Држави и Чешка што обезбедија значителна и многу потребна поддршка, 90 тенкови Т-72. Вооружените сили на Украина напредуваат и им треба оваа опрема. Ја цениме помошта на нашите партнери Заедно ја поддржуваме заштитата на слободата и демократијата, напиша Зеленски на Твитер.

Министерството за одбрана на Холандија вчера соопшти дека заедно со САД и Чешка ќе и испорача на Украина тешка воена опрема, вклучувајќи 90 модернизирани тенкови, како дел од воената помош од 120 милиони евра. Портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, во петокот изјави за новинарите дека САД ќе ѝ испратат на Украина дополнителни 400 милиони долари помош, вклучително и финансирање за 45 тенкови Т-72 од Чешка, кои ќе бидат ремонтирани, и дека парите ќе бидат инвестирани и во обновата. на противвоздушните ракети Хок.