петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Дождот ги изгасна пожарите на Јакупица

Дождот ги изгасна пожарите на Јакупица

Дождот кој синоќа заврна во реонот на планината Јакупица во Општина Чашка, во текот на ноќта ги изгасна двата пожари во реонот на Бегово Поле, информираа денеска за МИА од Центарот за управување со кризи од Велес.

Пожарите бил на терен далеку над селото Горно Јаболчиште.

Според првичните информации, во поголем дел огнот зафатил сува трева од пасиште, појаснуваат од Центарот за управување со кризи.

Инаку, вчера откако биле пријавени пожарите, во нивно гаснење во текот на денот со трактор се вклучи екипа на ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.