Европската унија е последен спас, односно последна сламка за спас на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски и дека по секоја цена сакат успех на тоа поле и не гледаат други работи, дека има незадоволство дека начинот на тоа кое што го прават не е добар, вели Петар Атанасов, професор на УКИМ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на ТВ Телма.
Второ што мене ужасно ми смета во последно време, повторно се прави една стратешка грешка од страна на високата владина политика, се поистоветува владата, интересите на владата на партијата и на државата. Да се разбереме СДСМ и владата се една работа, државата е друга работа. Значи во ниту еден случај не може тоа да се поистовети. Но еве нека учат од нивните колеги од Софија како се бранат интересите на државата, смета тој.
Атанасов го коментираше и ставот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во однос на неприфаќање на уставните измени рече дека се рационални и разумни.
Морам да кажам дека ми се допаѓаат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски звучат рационално и разумно, до кога ние ќе попуштаме, кому ќе попуштаме, по која цена ќе попуштаме, што е линијата или границата на таа приказна зошто ние постоиме, до каде ќе одиме, изјави Атанасов.
Според Атанасов, додека Мицкоски има јасен став за уставните измени, за премиерот Ковачевски смета дека не работи како што треба.
Ковачевски не работи како што треба, истакна тој.