петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЕП: Французинките немаа милост против Романија

ЕП: Французинките немаа милост против Романија

Француската женска ракометна репрезентација ја оствари и втората победа на актуелното Европско првенство и со убедливиот триумф (35:21) над Романија во Скопје.

Актуелниот олимписки шампион доминираше на средбата во СЦ „Борис Трајковски“, на полувреме водеше со 17:11, а таа предност ја зголеми дополнително во вториот дел, потврдувајќи го пласманот во следната рунда.

Нзе Минко со 6 и Фопа со 5 гола беа најефикасни во францускиот состав, додека во составот на Романија се истакнаа Неагу и Грозав со по 5 погодоци.

Со ваквиот епилог, Французинките го најавија дербито во последното коло задутре, кога во дуелот со Холандија ќе одлучуваат која селекција ќе го освои првото место.