петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЕП 2022: Норвешка закажа скандинавско финале

ЕП 2022: Норвешка закажа скандинавско финале

Актуелниот светски и европски првак Норвешка ја доби битката со Франција со 28-20 и обезбеди пласман во финалето на Европското првенство 2022.

Норвежанките наметнаа свое темпо, меѓутоа резултатот во првиот дел најчесто беше нерешен. Ниту една од репрезентациите не направи чувствителна разлика. При крајот француската селекција поведе, но на крај прими два гола во низа и со минимална негатива замина во соблекувална (12-11).

Реистад се разигра на почетокот од второто полувреме. Норвешка побегна на „плус пет“ и направи чекор кон победата во второто полуфинале. Мерк постигна осум, Отедал се надоврза со седум гола, а Реистад заврши со пет реализации.

Данска е вториот финалист, а златниот медал ќе биде доделен по мечот в недела. Претходно ќе се одигра дуелот за трето место во кое Франција ќе ја предизвика Црна Гора.