На 07.11.2022 во 12:20 часот во СВР Скопје, од Амбасадата на Република Црна Гора во Скопје било пријавено дека била оштетена влезна врата од простории кои не ги користи Амбасадата, а се во сопственост на Црна Гора.
Овој објект се наоѓа на ул.„Народен фронт“ во Скопје.
Бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот.