четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Еквадор парично казнет за измама, ама ќе игра на СП

Еквадор парично казнет за измама, ама ќе игра на СП

Спортскиот суд во Лозана ја донесе конечната пресуда поврзана со фудбалската репрезентација на Еквадор која беше обвинета од Чиле за измама во квалификациите за Светското првенство (СП), а казната е смешна бидејќи селекцијата ќе игра на Мундијалот во Катар, иако со помош на измама изборила пласман на истиот.

Еквадор во својот состав го имал Бајрон Кастилјо за кој е утврдено дека е роден во Колумбија и поради тоа Чиле сакаше тие да бидат исфрлени од турнирот, но сепак Спортскиот суд во Лозана смета дека таа измама не е доволна за да ги остави фудбалерите од Еквадор беа настап на СП.

Фудбалската федерација на Еквадор ќе може да игра на СП во Катар оваа година, но ќе мора да плати казна од 100.000 швајцарски франци, а исто така ќе ги почне следните квалификации за Мундијалот со три бодови помалку од останатите.

Кастилјо е роден во 1995 година, но во неговите колумбиски документи пишува дека е роден во 1998 година.