петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ништо од забраната на Шилегов, на Водно „врие“ од автомобили (ФОТО)

Ништо од забраната на Шилегов, на Водно „врие“ од автомобили (ФОТО)

Градот Скопје од пред еден месец воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Мерката со која се фалеше градоначалникот Петре Шилегов очигледно се спроведува селективно или воопшто не се спроведува.

И денес, како и претходни викенди и празници, на Средно Водно “вриеше“ од автомобили.