петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Несторовски се враќа во репрезентацијата

Несторовски се враќа во репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за контролните два натпревари против Финска на 17 ноември и Азербејџан 20 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во најдобриот состав на македонската репрезентација се враќа капитенот Стефан Ристовски, а повратник во тимот е напаѓачот на италијански Удинезе, Илија Несторовски.

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 26 фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Кристијан Наумовски и Игор Алексовски.

Одбрана: Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Тодор Тодоровски, Стефан Ашковски, Никола Серафимов, Кире Ристевски, Егзон Бејѕулаи и Стефан Ристовски.

Среден ред: Енис Барди, Агон Елези, Јани Атанасов, Стефан Спировски, Давид Бабунски, Бобан Николов и Елиф Елмас.

Напад: Милан Ристовски, Бојан Миовски, Александар Трајковски, Ваљон Етеми, Љупче Дориев и Илија Несторовски.

Собирот на репрезенттаивците е закажан за 14 ноември во Скопје. (МИА)