вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски повторо самоуверен: Знаеме од каде доаѓаат мејловите со закани

Спасовски повторо самоуверен: Знаеме од каде доаѓаат мејловите со закани

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, беше интервјуиран за „Слободен печат.ТВ“.

Говореше во најголема мера за истрагата во врска со дојавите за поставени бомби во скопските училишта, кои не стивнуваат.

Тој рече дека во тек е обемна истрага, а во неа се вклучени АНБ, одделението за антитероризам како и странските партнери. Потенцираше дека им е познато од каде доаѓаат мејловите.

-Ова се класични хибридни напади не само кај нас туку и во целиот регион. Знаеме од каде доаѓаат мејловите и како. Министерството функционира во полн капацитет и ќе го надминеме овој проблем – истакна Спасовски.

Спасовски во интервјуто наговести дека еден од изворите на хибридните напади е Швајцарија, но немаат поконкретни информации од тамошните институции кои како што нагласи тој, се затворени. Сепак, познато е дека од таму пристигале и закани кон земји во регионот, рече Спасовски.

И утрово повторно пристигнаа дојави за бомби во училиштатата „Никола Карев“, „Панче Арсовски“, „Владо Тасевски“ и „Јосип Броз Тито“.

Најнови вести