На 08.11.2022 околу 22:00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(22) и 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 07.11.2022 околу 20:30 часот во населба Лисиче-Скопје со закана со тврд предмет од малолетник од Скопје одзеле лични предмети.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.