На улицата „Зрмањска“ на Баново Брдо дошло до пукање во кое непознат напаѓач пукал во Дејан Г.(19) и побегнал.
Жителите на овој дел од градот велат дека се шокирани, а некои од нив дури и го виделе напаѓачот како бега.
„Не ми се верува дека некој застрела 19-годишно дете сред бел ден. Ужас. Ранетиот млад човек беше во автомобил на семафор, притрча некој и испука неколку куршуми кон него. Застреланиот почна да плаче и да кука, не очекуваше дека некој ќе пука. Напаѓачот, како што слушнавме, веднаш почнал да бега со пиштолот во рака“ вели еден од жителите на овој крај.
Според друг жител, сè изгледало како филм.
„Како да е акционен филм, младиот човек чека да се вклучи семафорот, му приоѓа пукач и пука, а потоа бега“ вели соговорникот и додава дека не е исклучена можноста за пресметка на навивачите бидејќи за неколку часа ќе започне и натпревар на Баново брдо.
„Откако беше застрелан младиот човек, тој излезе од автомобилот облеан во крв и побара помош“, вели сведокот.
На терен може да се забележат голем број припадници на полицијта.
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми напаѓачот е со голема градба и носел маслинесто зелена јакна, црна тренерка и црни патики.
„Дејан наводно и е познат на полицијата од порано, а се сомнева дека жртвата и напаѓачот се познавале од порано. Исто така, постои сомневање дека напаѓачот побегнал во правец на улицата Пожешка – раскажува неименуван соговорник за српскиот портал и додава дека младиот човек кој бил застрелан буквално излегол од автомобилот и почнал да ползи.
„Обвиен во крв се обиде да излезе од автомобилот и почна да ползи, но падна и остана да лежи на сред пат“, раскажал соговорникот.
Медиумот дознава дека напаѓачот не дејствувал сам. Наводно, во близина го чекал соучесник и кога напаѓачот ја завршил задачата, притрчал кај соучесникот и заедно побегнале.
Пред неколку дена се случил уште еден напад во близина на местото на денешната престрелка, но со нож.
„Се сомнева дека двата напади се поврзани и дека се работи за борба за територија. Наводно, станува збор за конфликт меѓу дилери за преземање на бизнисот бидејќи, наводно, главните дилери на тој простор биле уапсени пред неколку месеци“, објаснува соговорникот.