Цената на криптовалутата Биткоин падна на најниско ниво во последните две години по извештаите за проблеми со ликвидноста на големата трговска берза ФТХ.
Биткоинот со 16.941 долари достигна најниско ниво од 2020 година. Цените на другите криптовалути, како што е Етер, исто така паднаа.
Загубите во цената беа предизвикани од повторната загриженост на инвеститорите за стабилноста на релативно младиот сектор.
По извештаите за проблеми со ликвидноста на главната трговска берза FTX, конкурентот Binance објави делумно преземање на својот конкурент.
Според извештаите, FTX се соочил со значителен одлив на средства од инвеститори.
Пред објавувањето на овие информации, Биткоинот вчера сè уште се тргуваше за над 20.000 долари. (МИА)