недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден планира нова кандидатура за претседател на САД

Бајден планира нова кандидатура за претседател на САД

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека има намера повторно да се кандидира за функцијата и дека конечната одлука за тоа ќе ја донесе на почетокот на следната година, откако објави дека резултатите од штотуку одржаните среднорочни избори се добри за демократијата.

Бајден овој месец ќе наполни 80 години, а неговиот советник кажа дека се во тек подготвителните разговори за кампањата во 2024 година.

-Нашата намера е повторно да се кандидирам, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека тоа го сака и неговото семејство, но дека не се брза да донесе конечна одлука.