сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Репрезентативците на САД први пристигнаа на СП во Катар

Репрезентативците на САД први пристигнаа на СП во Катар

Фудбалската репрезентација на САД прва долета од Њујорк, а авионот на Катар ервејс е еден од првите што пристигна на новиот дел од аеродромот што е отворен денеска, јави известувачот на Франс прес.

Американската селекција ќе го започне СП на 21 ноември со меч против Велс, четири дена подоцна ќе игра со Англија, а на 29 ноември со Иран.

Целата американска експедиција ќе биде сместена во хотел во западна Доха, а ќе тренира на клупскиот терен Ал-Гарафа, оддалечен околу 15 километри.

Селекцијата на САД по 11-ти пат учествува на светските првенства.

Неодамна во Катар пристигнаа членови на селекциите на Аргентина и Јапонија, но не и нивните репрезентации.