понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саутгејт објасни зошто го одбрал Мегваер

Саутгејт објасни зошто го одбрал Мегваер

Герет Саутгејт го објави списокот на играчи за Светското првенство, а неговиот избор донесе реакции, коментари пред се поради неколку негови одлуки, имиња кои се најдоа на листата на патници за Катар.

Меѓу нив е и Хари Мегваер, играчот кој веќе долго време е на мета на јавноста, навивачите, па и во Манчестер Јунајтед падна во втор план. Ама без разлика на се тој доби повик, а во исто време немаше место за еден Фикајо Томори кој блеска во Италија во дресот на Милан.Англскиот селектор беше запрашан за оваа тема, а неговиот одговор е дека младите играчи се уште не се на нивото на оние поискусните.

-Се одлучивме за поискусните дефанзивци. Помладите имаат квалитет, ама немаат направен доволно за да ги исфрлат поискусните. Мегваер? Тој е еден од нашите најдобри стопери иако мора да се каже дека имаме доста играчи кои се на потребното ниво за да бидат дел од англиската репрезентација, -порача Герет.