среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Од романтика до агресивност: Овој младоженец стана мета на критики поради тоа што го направи со невестата и свадбената торта (ВИДЕО)

Од романтика до агресивност: Овој младоженец стана мета на критики поради тоа што го направи со невестата и свадбената торта (ВИДЕО)

Видеото од младоженец како со парче свадбена торта буквално ја напаѓа неговата новопечена сопруга, предизвика низа негативни коментари на ТикТок.

Корисниците на оваа социјална мрежа тврдат дека мажот бил премногу агресивен, а невестата тоа го демантирала и вели дека сето тоа било шега.

„Официјално е дека сме г-дин и г-ѓа Прајс. Тој ми врати добро и праведно затоа што јас веќе му го направив тоа. Ја сакам оваа кучка од сопруг“, рече невестата Џејд во објавата на ТикТок.

Иако на видеото се гледа дека невестата знае што ја чека, кога младоженецот оди кон неа со парче торта во рака, таа сепак се обидува да избега. Стисната во аголот, Џејд ги крена рацете и се обиде да го заштити нејзиното нашминкано лице и белиот фустан.

Но, младоженецот не попушти…

Многумина го критикуваат младоженецот за ваквото однесување, а поради низата негативни коментари, невестата на крајот ја исклучила можноста за коментирање, но видеото потоа почнало да се појавува на профилите на другите корисници.

 

@jadekennedy_777 It’s official we’re mr and mrs price❤️🥰 he got me back for doing it to him good and propa🙈🤣 love my arsehole of a husband all the world🤣🥰❤️ #fyp #fypシ #married #couplecomedy #funny #marriedlife #wedding ♬ original sound – Jade kennedy