сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го продаде Мегваер и Фред

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го продаде Мегваер и Фред

Манчестере јунајтед ќе се обидат да го продадат капитенот Хери Мегваер во летниот преоден рок, бидејќи Ерик Тен Хаг ќе се обиде да продолжи со изградбата на „обновениот“ тим, јавува „Гардијан“.

Мегваер ги чинеше Јунајтед 80 милиони фунти кога го купија од Лестер во 2019 година и во клубот се свесни дека ќе мора да прифатат далеку пониска цена за него. Овие вести се појавуваат неколку дена откако англискиот селектор, Герет Саутејт потврди дека планира на Мегваер како стартер на СП во Катар.

Оле Гунар Солскјер го направи Мегваер капитен кога го купи од Лестере во август 2019, но оваа сезона тој има само еден старт во Премиерлигата по првите два меча од сезоната, кои Јунајтед ги загубија од Брајтон (2:1) и Брентфорд (4:0). Тен Хаг ги преферира Рафаел Варан и Лисандро Мартинез како бекови. Мегваер потпиша шестгодишендоговор со опција за продолжување во 2026 година, и има плата од 190.000 фунти неделно.

Тен Хаг исто така планира да се „ослободи“ и од Фред, кога договорот на Бразилецот ќе истече во јуни, иако Јунајтед имаат опција да го продолжат договорот на уште една сезона. Фред дојде во Јунајтед од Шахтјор Доњецк во 2018 под Жозе Мурињо за 52 милиони фунти.