понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нова проблеми за Милевски – се повреди и Муслиу

Нова проблеми за Милевски – се повреди и Муслиу

Проблеми за македонската фудбалска репрезентација и селекторот Благоја Милевски, кој откако направи две промени од првиот список, денеска се повреди и еден од главните стопери – Висар Муслиу од германски Инглштад.

Муслиу се повреди по 20 минути игра на мечот за Инглштад на гостувањето во Дуизбург, по што мораше да биде заменет, но останува засега мистерија за колку тешка повреда станува збор, но многу поизвесно е дека и тој нема да игра против Финска и Азербејџан.

Александар Трајковски и Милан Ристовски во изминатите два дена откажаа пореди повреди, па денеска Доријан Бабунски доби нов повик, а деби повик има за Мартин Мирчевски од ТСЦ Бачка Топола.Претходно Аријан Адеми откаа поради повреда на задната ложа, а од претходно повредени се Дарко Чурлинов, Тихомир Костадинов и Дејан Илиев.

Македонската селекција утре точно напладне ќе го има собирот за двете контролки со Финска на 17 ноември од 18 часот и со Азербејџан на 20 ноември од 14 часот.