недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Иран го осудил на смрт својот најдобар фудбалер во историјата?

Иран го осудил на смрт својот најдобар фудбалер во историјата?

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи (53) е осуден на смрт, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Даеи наводно бил осуден за учество во протестите за смртта на Махса Амини, 22-годишната Курдка која беше уапсена затоа што го прекршила кодексот на облекувањата на земјата. Смртта на Амини беше објавена на 16. септември. Засега од иранската држава не ги коментираат информациите за Даеи.

Инаку, Али Даеи е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. Претходно поради протестите му беше одземен пасошот. Тогаш неговиот брат Мохамед се огласи на социјалните мрежи.

„Неверојатно е тоа што му се слува на Али. Целиот свој живот го даде за да го подигне иранското знаме, тој е човек што ја сака својата земја и народот кој живее тука“, истакна тогаш Мохамед.