Хавиер Хернандез Чичарито е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Мексико, но напаѓачот нема да биде дел од Светското првенство во Катар.
Зад своето име Чичарито има 52 гола на 109 натпревари, меѓутоа после Светското првенство во 2018 година за националниот тим одигра само три натпревари.
View this post on Instagram
Новинарот Хозе Рамон Фернандез ја откри причината поради која селекторот на Мексико го игнорира поранешниот ас на Манчестер Јунајтед.
Имено, пред Светското првенство во 2018 година јавноста во Мексико ја потресе cкандал со пpоcтитyтки.
Бројни репрезентативци на учествувале во оpгии со пpоcтитyтки, а организаторот на тоа бил Чичарито.
View this post on Instagram
Фернандез за весникот „Процесо“ пишува дека Чичарито си најмил две пpоcтитyки за себе за време на престојот во Њујорк и Сан Антонио, меѓутоа пред Фудбалскиот сојуз на Мексико ја демантирал вината.
Другите фудбалери ја признале вината и побарале извинувања, па така продолжиле да играат за Мексико, но не и Чичарито кој категорично одбивал да признае.
View this post on Instagram