Пејачката Емина Јаховиќ веќе со години наназад ужива во својот нов стан во Истанбул кој нуди преубав поглед кон Босфор.
Таа во новиот дом живе со синовите Јаман и Јавуз, а фотографиите сведочат дека овој станбен простор е вистински луксуз.
Дневната соба на пејачката целата е во стакло, од каде се доловува целиот поглед кон морето. Секоја просторија е детално уредена, па секој детаљ е вистински гламур.
-Пред се морам да нагласам дека локацијата на овој стан ми беше пресудна, бидејќи имам во близина се што ми треба, па можам да одам на повеќе места. За разлика од мојата куќа која беше во природа и за се ми требаше многу повеќе време, изјави Емина во една своја прилика.
Таа вели дека погледот на Босфор ја смирува и бил пресуден за да се пресели во него.
-Јас сакам минимализам со доза на елеганција. Мешавина на мермер и дрво како и комбинирање на старото и новото. Секогаш имам архитект кој ја прати мојата идеја и со кого добро се чувствувам.