Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген не отпатува со своите соиграчи на мини-подготовките за Светското првенство.
Германија се собра во Франкфурт, а денес отпатува во Оман каде што ќе се подготви за настапот на Мундијалот.
Чуварот на мрежата има проблеми со инфекција на дигестивниот тракт и засега остана во Франкфурт, каде што ќе добие лекарска помош.
Тер Штеген се очекува да мине неколку дена во Германија и доколку сè е во најдобар ред, ќе отпатува во репрезентативниот камп.
Ханси Флик во моментов не размислува на замена за Тер Штеген.