сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Кимпембе отпадна поради повреда и нема да настапи за Франција

Кимпембе отпадна поради повреда и нема да настапи за Франција

Фудбалската селекција на Франција претрпе една промена на списокот за играчи за Светското првенство во Катар.

Од комбинација отпадна ѕвездата на ПСЖ, Преснел Кимпембе кој не успеа да заздраве навремено за да одговори на повикот. Во консултација со докторскиот тим на парижани и самиот играч, Французите решија дека не вреди да се ризикува со здравјето на Кимпембе.

Поради тоа Дидие Дешамп упати дополнителен повик. Се работи за дефанзивецот на Монако Аксел Дисаси. 24-годишникот ќе се приклучи на соиграчите во репрезентативниот камп и ќе биде дел од ротацијата на Дешамп за Мундијалот.