среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев и СДСМ милионите од договорот со Грција ќе ги трошат за претворање на поразот во победа

Заев и СДСМ милионите од договорот со Грција ќе ги трошат за претворање на поразот во победа

Владата на СДСМ со милионите кои ги заработи од договорот за името ќе го слави поразот кој и го нанесе на Република Македонија.

Во 15 градови низ државата, во сабота, власта ќе организира прослава со цел капитулацијата и штетата да ги претстават како победа на македонската јавност.

Откако најпрво ја вклучи цела пропагандна машинерија и сите медиуми и новинари под своја контрола ги активираше да ја лажат јавноста, власта  не запира со манипулацијата на граѓаните за  поразот да им го претстави како победа. СДСМ во сабота ќе го слави тоа што ги прифати сите грчки услови во преговорите, промена на Уставот на Република Македонија, ново име за севкупна употреба и  откажувањето од  македонскиот идентитет.

Граѓаните се повеќе се револтирани и прашуваат која е цената поради која ќе се слави бришењето на македонската нација,  култура и историја? Која е цената поради која власта се откажа и од македонското малцинство во Егејска Македонија?

На јавноста познато и е дека во минатото уште од времето кога Киро Глигоров беше претседател, од грчка страна биле нудени  куфери со пари со цел македонските власти да ги прифатат нивните услови. Но ниту една власт до сега не се осмели да ги прифати грчките барања, се до доаѓањето на Зоран Заев на власт.

Ако знаеме дека Грците во минатото нуделе милиони во куферчиња, тогаш следува  прашањето колку милиони вредеше овој срамен  и понижувачки договор за Република  Македонија за власта на СДСМ да си дозволи да плати над 40 домашни артисти и музичари во 15 градови во земјата и колку пари завршија на нивните приватни сметки за да толку на големо да се прославува лажната победа?

Најнови вести