СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Љ.(23), В.Љ.(19) и Б.Д.(18), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство“.
На 09.10.2022 на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, пријавените физички го нападнале Ж.П., а подоцна истиот на ул.„133“ во Тетово физички го нападнале А.Б. и уште едно лице, при што употребиле и тврд предмет.