Вардар со минимален пораз од 1:0 на гостувањето кај Пјуник во Ереван го започна воведното квалификациско коло за Лига Европа.
Во првиот дел Пјуник дојде до водство од 1:0 со голот на Мохамед Конате во 28-та минута од натпреварот, а фудбалерите на Вардар до паузата не успеаа посериозно да се заканат на голот на домаќините.
Вардар во вториот дел се обиде да изврши посилен притисок и да стигне до израмнување, но фудбалерите на Пјуник ја зачуваа минималната предност доволна за победа.
Реванш се игра за седум дена во Скопје.
МИА