недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса доби забрана за трансфери во јануари

Барса доби забрана за трансфери во јануари

Нов шок за шпанскиот гигант. Фудбалскиот клуб Барселонадоби забрана од шпанската Ла Лига.

– Моравме да направиме некои тешки, непопуларни потези. Тоа беа економските операции кои го спасија клубот од пропаст. Сега сме во фаза на опоравување и наскоро ќе застанеме на нозе. Очекувам добивка од околу 270.000.000 евра, но и покрај тоа, според правилата за финансиски фер-плеј на шпанската лига, не можеме да донесеме нови играчи. Односно не можеме да ги регистрираме, изјави Лапорта.

Вели дека се обидуваат да ги убедат дека правилникот треба да биде пофлексибилен.

– Да се дозволи некои други видови на толкување, што не само што ќе ни овозможи ние да се засилиме, туку и другите клубови. Ваквиот правилник е прилично бесмислен! Не треба да има нееднаквости како што ги имаме денес. Во Премиер лигата, на пример, се е пофлексибилно отколку во Шпанија. Сите треба да имаме исти можности и обврски, додава претседателот на клубот.

За потсетување, Барселона летово направи големи зделки. Купи играчи вредни повеќе од 150.000.000 евра, донесе неколку познати имиња без отштета, за сериозни плати, но истото нема да може да го сторат во зимскиот преоден рок.