Пејачот Бојан Васковиќ од Лексингтон бенд, на 15 ноември стана татко на мало девојче кое среќните родители го крстиле Хелена.
Неговата сопруга Александра ден подоцна ја сподели радосната вест на Инстаграм, а бројни познати личности веднаш испратија честитки.
-Чекам да те земам во раце. Добредојде во светот, нашe храбро девојче, нашата трета најголема љубов на светот! Хелена Васковиќ, напиша сопругата на пејачот под фотографијата на која се гледа само нејзината рака и инфузијата што ја прима.
Да потсетиме, парот веќе има две деца.